X
 04.01.2018 Живот

Што значи кодот што Асанж го објави на 1 јануари?

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на 1 јануари објавил на „Твитер“ песна од пејачката М.И.А.- „Хартиени авиони“, но и код кој досега никој не можел да го протолкува:

фотоизвор: BBC

„fb4e568623b5f8cf7e932e6ba7eddc0db9f42a712718f488bdc0bf880dd3“.

Многу корисници на друштвените мрежи веднаш заклучиле дека профилот на Асанж на „Твитер“ е хакиран, па дека тоа е причината што неговиот профил на таа социјална мрежа за католичкиот Божиќ едноставно исчезна.

Поединци, меѓутоа, решението за загатката го барале во зборовите од песната, со оглед на тоа дека пејачката во една пригода зборува дека има повеќе информации од КГБ, што е протолкувано како најава дека Асанж и неговиот тим наскоро ќе објават нова информација. Имало и теории дека Асанж умрел и дека кодот активирал одредена публикација на веб-страницата на „Викиликс“, сè до идејата дека Асанж упатил сигнал преку оваа песна за да ѝ соопшти на јавноста дека исчезнал во акција.

Во меѓувреме, телевизијата РТ соопштила дека се обидела да стапи во контакт со Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој во моментов се наоѓа, меѓутоа, не добила никаков одговор.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот