X
 09.07.2018 Живот

4 e среќен број! Дали тренерот ќе остане сам во пештерата?

Четири момчиња и тренерот останаа заробени во тајландската пештера, а главните лица на операцијата велат дека планот е дизајниран за спасување четворица на ден.

Во последниве два дена осум момчиња беа спасени од тајландската пештера во операцијата што се одвиваше побрзо од очекуваното.

momcinja
Фото: Facebook


Но главните лица на операцијата не потврдуваат дали сите петмина ќе излезат, покренувајќи прашања за тоа дали тренерот Екапол Чантавонг ќе помине една ноќ сам во пештерата.

Наронгсак Осотанакорн изјави дека останува на нуркачите да одлучат дали е возможно да ги спасат сите наеднаш. Тој предупреди дека планот е дизајниран само за четворицата затоа што тоа е безбедна бројка за оваа мисија.

Поранешниот гувернер на провинцијата Чианг Рај рече дека се надева на 100 отсто успех.

Осумте момчиња што беа спасени се безбедни и се во болница. Тие се изолирани поради претпазливост, но наскоро ќе им биде дозволено на родителите да ги видат. Официјалните лица одбија да ги кажат идентитетите на оние што беа спасени, а родителите не се информирани кои деца се излезни од пештерата.


ФИФА со покана до момчињата

Mомчињата се поканети да го гледаат во живо финалето на Светското првенство во фудбал. Покана добија од претседателот на ФИФА, Џиани Инфантино.

Тој испратил писмо до претседателот на тајландската фудбалска федерација, Сомјот Помпанмоунг, продолжувајќи ја поканата за децата и нивниот тренер доколку околностите го дозволат тоа.

2
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот