X
 10.01.2020 Живот

Откако Тајланд забрани пластични кеси, луѓето користат куфери, маици, кофи...

Иако можеби мислите дека пластичните кеси не придонесуваат за загадувањето, излегува од контрола ако 7,5 милијарди луѓе ги користат.

Во Тајланд од 1 јануари стапи во сила законот за забрана на употребата на пластични кеси. Земјата почна активно да се бори против нејзините еколошки проблеми, забранувајќи ги пластичните кеси за еднократна употреба во некои од најголемите продавници. Ова продолжување на кампањата го приближува Тајланд кон целосна забрана во 2021 година, во обид да се намали отпадот во средината.

Но, она што е неверојатно е начинот на кој купувачите се приспособуваат на оваа промена. Тие не се жалат на социјалните мрежи - напротив, ги прифаќаат промените. Така, жителите почнаа да користат маици, куфери, кофи, па дури и керамички чинии за да ги стават производите што ги купиле и сето тоа совршено прикажува колку можат да бидат креативни луѓето.

Делумно, јавната поддршка за кампањата се зголемува како резултат на зголемениот ризик за животните и животната средина од ваквиот отпад. На пример, имаше неколку инциденти кога животни, вклучувајќи и еден елен, беа пронајдени мртви со пластика во дигестивниот систем.

1

- Тајланд беше рангирана на 6. место од земјите што фрлаат отпад во морето. Во текот на изминатите 5 месеци се спуштивме на 10. место благодарение на тајландскиот народ - изјави министерот за природни ресурси и животна средина, Варвут Силпа-Арча.

Министерството соопшти дека земјата ја намалила употребата на пластични кеси за 2 милијарди (околу 5,765 тони) во текот на првата фаза од кампањата минатата година. Наводно, тоа ги охрабрило потрошувачите доброволно да се откажуваат од пластичните кеси.

Варавут вели дека најголемиот предизвик е да се ослободат од преостанатите 40 отсто од пластичните кеси што се користат на свежите пазари и во руралните области.

- Нема да биде лесно да се промени начинот на размислување и однесување на овие луѓе - изјави тој.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот