X
 31.10.2015 Уметност

Пештери претворени во неверојатни ремек дела

Во пустината близу северно Њу Мексико, можете да слушнете звуци на човек занесен во неговата работа во една пештера. Ќе видете и влез кој води до пештерата, кадешто Ра Паулет поминал 25 години резбајќи неверојатна уметност. Тој поминал години работејќи го ова, во друштво на неговото куче.

 

ремек


Кога го прашуваат луѓето дали е опседнат со резбање на пештерата, тој дава интересен одговор: „Дали детето е опседнато со игрите?“. Неговите величествени парчиња ги гледа како еколошки проекти - неговата цел е да ги инспирира луѓето, така што ќе се отворат тие емотивно.

Може да се каже дека со неговите раце создал вистинска магија во подземните пештери кои ги изрезбал.

Интересно е тоа што Ра не се гледа себеси како уметник, туку едноставно како човек кој ја изразува неговата смисла за чудо на страствен начин.

Видеото подолу ја раскажува неговата приказна и ви дава одлична турнеја низ неговите прекрасни пештери.

 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност