Турција издаде уредба со која се отпуштени повеќе од 18.000 државни службеници, од кои половина се припадници на полицијата.
Уредбата следува по победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите одржани пред две недели и пред неговата инаугурација. Уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба, која е во сила од јули 2016 година, кога се случи неуспешниот државен удар.
Меѓу отпуштените се околу 9.000 полицајци, 6.000 вработени во војската, морнарницата и воздушните сили, 200 академици и околу 650 професори.
Освен тоа, со декретот се затвораат три дневни весници, една телевизија и 12 здруженија.
Од прогласувањето на вонредната состојба во јули 2016 година, во Турција се отпуштени 130.000 државни
службеници.