X
 20.11.2018 Живот

Половина литар од маслиново масло продаден за 5.620 долари

Половина литар масло од маслиново дрво старо 1.800 години беше продаден на аукција во турскиот град Измир за 5.620 долари. Купувачот е локален бизнисмен, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Дрвото старо 18 века е познато под името „Умај нине“ (баба Умај, туранската божица на плодноста).

На настанот беа понудени уште 150 шишиња од најразлични видови масла, со вкупна вредност од 47.750 турски лири (8.955 долари), изјави Тунч Сојер, градоначалник на општината Сеферихисар во Измир.

  - Сите приходи од наддавањето ќе бидат донирани за ученици во областа - нагласи Сојер.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот