X
 09.07.2018 Култура

Мала, но успешна земја - Како успеала Малта?

Малта, мала островска држава во Средоземното Море со околу 400.000 жители, во период од само неколку децении се трансформира во една од најпросперитетните економии во Европа.

До средината на 60-тите години таа била под британска власт и главната економија се базирала на давање услуги на британската војска што била таму сместена. По заминувањето на Британците, новата независна држава морала да изгради економија практично од нула.

Во почетокот развојот на економија се засновал на туризмот и индустријата. Флексибилната работна сила што во тоа време била евтина привлекла многу инвеститори.

Две децении подоцна, во текот на 80-тите, кога дошло до раст на цената на работната сила, Малта се насочила кон сектори со високо додадена вредност, како што се производството на електроника и инженерство, што било темел за подоцнежен развој на економијата.

малта

Најважните сектори во економијата на Малта денес се финансиските услуги, здравствените услуги, туризмот, едукацијата, поморските услуги и креативната индустрија. Членството во Европската Унија и еврозоната значело зајакнување на секторот за услуги и извозот во земјите на ЕУ денес е главен двигател на економскиот раст на Малта.

Економијата на Малта главно се состои од мали компании - 95 отсто од компаниите имаат околу десетина вработени, а постојат и неколку големи компании, како произведувачите на чипови „СТ Микроелектроникс“ или произведувачот на играчки „Плејмобил“.

Ниска стапка на невработеност

Важноста на традиционалните сектори, како земјоделството и производството, во последните години се намалува, а на нивно место доаѓаат развојот на игри, фармацевтските индустрии или финансиските услуги што сега сочинуваат околу 15 отсто од БДП. Но најсилниот столб на малтешката економија и понатаму останува туризмот, кој сочинува дури 25 отсто од БДП.

Моментално како приоритет за понатамошен развој на економијата Малта ги гледа образованието и здравството. Околу 70.000 странски студенти секоја година во оваа земја посетуваат курсеви по англиски јазик. Многу странски инвеститори во Малта вложуваат во образовните институции, а отворени се и приватна болница и приватен медицински факултет каде што студираат студенти од целиот свет.

Невработеноста е ниска, под 5 отсто. Работната сила брои нешто повеќе од 200.000 луѓе, а последните години се соочуваат со недостиг на работници.

Умерен јавен долг

Малта има силен раст на економијата, во 2015 година БДП изнесувал над 7 отсто, а растот продолжил и во наредните години. Малта има БДП по глава на жител со куповна моќ од 42.000 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура