X
 27.09.2022 Култура

Дали знаете како настанала една од најпознатите ју-песни - „Жуте дуње“?

Малкумина знаат дека Горан Бреговиќ е автор на песната „Жуте дуње“ во изведба на Даворин Поповиќ.

Како дел од музиката за филмот „Кудуз“ направена од Бреговиќ, пејачот Даворин Поповиќ од групата „Индекс“ ја отпеа обработката на старата севдалинка „Вољело се двоје млади“ која под името „Жуте дуње“ е објавена како дел од саундтракот за филмот „Кудуз“.

Легендарниот новинар Павле Павловиќ напиша како настанала песната „Жуте дуње“


- Кога ќе го слушнам делот од песната: „Вољело се двоје млади шест мјесеци, годину“ и плачев и се смеев. Со последните атоми најчесто успевам да го направам ова второто. Се сеќавам како се снимаше легендарната „Жуте дуње“. Горан Бреговиќ, автор на песната, веќе губеше нерви, а пејачот Даворин Поповиќ беше лут како рис. По десет повторувања истрча од студиото и онака на сараевски му нареди на Бреговиќ да му се тргне од видното поле. Откако се смири, се врати и на микрофон со придружба од пијано го отпеа она што ги воодушевува луѓето повеќе од две децении. Кога излезе од студиото, попатно му рече на композиторот: - Дете, така се прави. Насмевката на легендарниот сараевски мангуп полека замира кога ќе се потсетам колку добри луѓе поврзани со „Жуте дуње“ засекогаш заминаа.



Како што минуваат годините, луѓето полека заборавија дека песната е поврзана со филмот „Кудуз“. Како и песната, и филмот беше исклучителен плод на процутот на предвоената сараевска култура - раскажува Павле Павловиќ.

Старата, речиси заборавена севдалинка „Вољело се двоје младих“ ја извел Химзо Половина, а песната се наоѓа на албумот „Народни песни од Босна и Херцеговина“ објавен на почетокот на 70-тите години.

Благодарение на Химзо Половина, многу заборавени песни останаа забележани за сите времиња, а меѓу нив е и севдалинката „Вољело се двоје младих“.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура