Повозрасен човек од гратчето Ворингтон во Англија им се заблагодарил на медицинските сестри во локалната болница така што им однел торта со марихуана.
Британецот не бил свесен дека внатре има опијат. Се работело за дел од тортата од 18. роденден на неговиот внук, со која старецот сакал да ги почести болничарите.
Вработените, за среќа, навреме забележале дека тортата мириса „необично“, па повикале полиција и така марихуаната била откриена.
Болницата во официјалното соопштение наведува дека пациентот што го донел подарокот не знаел дека во тортата има марихуана и само еден болничар изел мало парче, па, сепак, немало штетни последици.
Полицијата ги потврди овие наводи додавајќи дека „тортата е уништена“, а случајот затворен.
Извор: МИА