X
 12.03.2015 Здравје

Која е староста на вашиот мозок?

За деменцијата нема лек и може да погоди секого. Затоа таа останува една од најстрашните болести на денешницата. Лекарите се трудат да ги охрабрат потенцијалните заболени лица и да ги спречат луѓето да се разболат со водење поздрав живот, со што ќе ги намалат своите шанси. Се претпоставува дека бројот на луѓе заболени од деменција ќе се зголеми од 816.000 изминатата година на еден милион до 2025 година.


Иако не може да се излечи, секој може да го намали својот ризик од заболување. Лекарите препорачуваат откажување од пушењето, пиењето и нездравата исхрана. Во подготовка е тест кој ќе ги открива можностите за заболување од болеста. Засега има други тестови кои не дијагностицираат деменција, но може да ја покажат староста на мозокот и да посочат кон потенцијални проблеми. Во продолжение е еден таков тест.

Одговорете на секое прашање со „Да“ или „Не“.

1. Спијам 7 или повеќе часа дневно.

2. Јадам најмалку 5 или повеќе порции овошје и зеленчук богати со антиоксиданси (цитрони, лимони, зелени пиперки, спанаќ, брокула, јаболка, домати) дневно.

3. Јадам барем една порција боровинки, малини и капини дневно.

4. Јадам печена риба богата со омега-3 масни киселини барем трипати неделно.

5. Конзумирам додатоци од рибино масло богати со масни киселини најмалку петпати неделно.

6. Земам додатоци со липонска киселина со дневните мултивитамини.

7. Земам мала доза аспирин, кој според истражувањата го успоруваат стареењето на мозокот.

8. Пијам црвено вино или сок од грозје најмалку петпати неделно.

9. Вежбам поголемиот дел од неделата најмалку 30 минути дневно.

10. Читам книги кои предизвикуваат, решавам загатки или судоку и дел сум од активности кои бараат активно учење, помнење, пресметки, анализи и решавање на проблеми најмалку петпати неделно.

11. Моето ниво на холестерол е помало од 5 милимоли на литар.

12. Моето ниво на „лош“ холестерол, кој предизвикува болести на артериите и го намалува течењето на крвта во мозокот, е помало од 3 милимоли на литар.

13. Имам многу членови во семејството кои живееле 80 години или повеќе.

14. Немам прекумерна тежина.

15. Јадам медитеранска исхрана (многу овошје, зеленчук, јатки, грав, семки и маслиново масло).

16. Користам само маслиново масло.

17. Никогаш не сум пушел/а цигари.

18. Имам нормален крвен притисок.

19. Немам дијабетес.

20. Немам метаболиски синдром (медицински термин за комбинацијата од дијабетес, висок крвен притисок и прекумерна тежина).

21. Немам нарушување на спиењето како 'рчење или несоници.

22. Дневниот неконтролиран стрес не е проблем за мене.

23. Имам поддршка од останатите и учествувам во многу активности со пријателите, колегите и семејството.

24. Немам проблеми со помнењето.

25. Подготвен/а сум да ја спречам Алцхајмеровата болест и ќе направам се' што е потребно за тоа.


Пресметајте колку од овие 25 изјави означивте со „Да“ и запишете го резултатот.

23-25: Одземете 15 години од вашата возраст за да ја добиете возраста на мозокот. Доколку ништо не промените, ризикот за да заболите е многу мал.

20-22: Одземете 10 години од вашата возраст за да ја добиете возраста на мозокот. Се грижите за вашето физичко и ментално здравје. Внимавајте на изјавите во кои не се пронајдовте.

15-19: Вашата возраст е еднаква на возраста на вашиот мозок. Можеби имате ризик да добиете деменција и треба да внимавате на изјавите во кои не се пронајдовте.

12-14: Додадете 5 години на вашата возраст за да ја добиете вредноста на вашиот мозок. Можеби имате зголемени шанси за заболување од деменција. Разгледајте ги негативните одговори и работете на подобрување.

0-11: Додадете 10 години на вашата возраст за да ја добиете возраста на вашиот мозок. Разговарајте со вашиот лекар за вашите здравствени проблеми за да ги поправите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје