X
 28.09.2015 Наука

Научниците успеале да создадат телепатија користејќи го интернетот

Можеби нема да поверувате во способноста на една индивидуа да ги чита мислите, но новите истражувања кои доаѓаат од Универзитетот во Вашингтон велат дека телепатијата и не е толку невозможна колку што некогаш се чинела.

 

телепатија


Во едно истражување, научниците беа во можност да создадат директна врска помеѓу два мозоци, која им овозможила на луѓето да играат прашања и одговори без да користат зборови.

„Ова е најкомплексниот експеримент направен мозок до мозок“ вели водечкиот автор на истражувањето, Андреа Стоко. Тој е асистент професор по психологија и истражувач на Институтот за учење и наука на мозокот при Универзитетот во Вашингтон. Експериментот ја користи свеста на луѓето преку визуелни сигнали и се потпира на соработката меѓу луѓето.

Интерфејсот на мозокот е всушност релативно едноставно. Тој работи со првиот учесник, оној кој одговара, преку ЕЕГ машина која ја логира електричната активност во мозокот. На лицето потоа му е претставен предмет, како куче на компјутерскиот екран, а на вториот учесник му е претставена листа на потенцијални предмети кој би можел да ги погоди, а првиот учесник ги видел. Интервјуерот ги испраќа прашањата до првото лице, со што можи да одговори да или не гледајќи во една од двете LED светла на мониторот кои имаат различни фреквенции.

Одговорот да или не испраќа сигнал на интернет до второто лице. Овој сигнал активира магнетна серепентина поставена на главаата на второто лице. Сепак, само одгворот да може да генеррира одговор кој го стимулира визуелниот кортекс.

Истражувачите го направиле експериментот во темни простории во две различни лаборатории на Универзитетот во Вашингон, кои беа најмалку два километри оддалечени. Тие тестирале пет различни парови на учесници - секој пар играл 20 рунди на играта.

Научниците се осигурале дека учесниците не можат да користат дополнителни индиции покрај директната комуникација со мозокот. Луѓето кои ги поставувале прашањата носеле тампони за уши за да не го поврзат звукот произведен со стимулациските фреквенции со одговорите. Слично на тоа, истражувачите се погрижија да ги променат интензитетите на стимулациите поради нивната способност да патуваат како звучни бранови низ черепот.

Резултатот од истражувањето покажа дека методот на истражувачите за пренесување на информацијата беше доста успешен. Учесниците правилно го погодиле предметот во 72%, а додека само во 18% во контролираната игра.

Експериментот има корени од 2013 година, кога истражувачите најпрво открија дека можат да создадат врска помеѓу мозокот на луѓето. Другите истражувачи успешно го поврзале мозокот на глувците и мајмуните, па дури и успешно испратиле сигнали од мозокот од човек до глушец, користејќи електроди директно поставени во нивниот мозок.

Експериментот бил создаден од истражување на еден од ко-авторите на ова истражувае, Раџеш Рао. Рао е професор по компјутерска наука и инженерство на Универзитетот во Вашингтон и поминал години работејќи на интерфејс кој им овозможува на луѓето да активираат уреди со нивниот мозок. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука