X
 09.12.2021 Живот

Колку чини одмор на егзотична локација?

Сега е вистинско време за одмор на далечни дестинации. Се разбира, на оние места на кои е дозволен влез за туристи. Колку би ве чинело едно вакво патување? „Телеграф“ одговара на ова прашање.

Доминиканска Република

Аранжман од седум ноќевања со сите оброци, заедно со авионски лет, чини помеѓу 1.500 и 1.700 евра. Најскапиот аранжман за оваа дестинација изнесува над 2.500 евра по личност.

Малдиви

Цената за аранжманите во следниот период се движат од околу 1.500 евра до околу 2.100 евра. Во цената се вклучени авионскиот билет, туристичката такса и превозот до хотелот, како и седум ноќевања на основа на полупансион. Сместување во ексклузивен хотел може да чини над 7.000 евра.


Фото: Pixabay

Мексико

Седум ноќевања во одбран хотел со сите оброци и авионски лет, туристичка такса и трансфери чинат од околу 1.600 евра до 2.700 евра по лице. Ваков пакет во хотел со шест ѕвезди чини околу 4.000 евра.

Сејшели

Цените за пакет аранжман се движат од околу 930 евра по лице до над 1.550 евра. Во пакетот се вклучени седум ноќевања со појадок, но не и авионски билет.


Фото: Pixabay

Занзибар

Основниот пакет за Занзибар чини од околу 1.200 евра до околу 1.600 евра, што вклучува седум ноќевања, авионски лет и туристички такси. Пакетите за полуксузно сместување со сите оброци чинат од околу 1.600 евра до околу 2.000 евра, а пакет со ноќевања во едно од најлуксузните сместувања чини околу 2.800 евра.

Извор: Telegraf
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот