X
 09.07.2021 Живот

Британските ученици масовно ги лажираат брзите ковид-тестови за да не одат на училиште

Новите времиња носат и нови методи за бегање од училиште. Деца како деца, а и оние малку постарите, измислуваат различни начини како да ја искористат пандемијата.

Како што пишува „Гардијан“, британски ученици откриле дека сокот од портокал дава лажен позитивен резултат на брзиот ковид-тест. Редакцијата на „Гардијан“ експериментирала и го потврдила ова. Оттаму велат дека не станува збор тоа дека вирусот се наоѓа во самиот сок, туку како што претпоставуваат, поврзано е со киселоста во сокот што на крајот го уништува тестот. Ист ефект имаат и други пијалаци и јадења, на пример, кечап и „кока-кола“. Еден британски професор вели дека самите ученици му укажале на овој феномен.

- Ми кажаа дека тоа е одличен начин да отсуствуваат од училиште во период од две недели - вели професорот.

Трикот е веќе објавен и на „Тик-ток“, па можат да се најдат различни снимки на кои корисниците експериментираат со разни течности. Според извештаите од медиумите, на оваа социјална мрежа споменатите видеа имаат повеќе од 6,5 милиони прегледи, а можат да се пребараат со хаштагот #fakecovidtest.

Џон Дикс, професор на Универзитетот во Бирмингем, ја критикува оваа нова практика.

brz test
Фото: Freepik

- Лажно-позитивниот тест влијае не само врз детето, туку и врз неговото семејство и училишната средина и затоа е себично да се направи тоа. Постојат многу помалку штетни начини за да се отсуствува од училиште - вели тој.

Џеоф Бартон, генерален секретар на британското здружение на училишта, вели дека злоупотребата на тестовите е крајно бескорисна и дека тоа одмага во целата ситуација.

- Убедени сме дека има само неколку ученици и дека повеќето од брзите тестови се искористени правилно. Сепак, ги повикуваме родителите да проверат дали тестовите се злоупотребени и ги советуваме учениците што се заинтересирани за хемиските реакции дека најдобро место за учење се часовите по хемија - додава тој.

Извор: The Guardian
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот