X
 09.07.2023 Живот

Повеќето луѓе погрешно го јадат чоколадото, велат експертите

Дури 78 отсто од луѓето погрешно го јадат чоколадото, покажува најново истражување.

Научниците за храна откриле дека огромното мнозинство од луѓето прво го ставаат чоколадото во фрижидер пред да го консумираат, што е погрешно. Најдобро е тоа да се чува на околу 18 степени, што значи дека можете да го чувате во кујната.

Друга голема грешка што ја прават луѓето е џвакањето. Треба да оставите чоколадото да се стопи во вашата уста бидејќи тоа му овозможува на путерот од какао да ја премачка устата и да ги шири сите вкусови. Исто така, можеби ќе ве изненади тоа што треба да консумирате чоколадо наутро, поточно помеѓу 9 и 11 часот. Тоа е така затоа што вкусовите најдобро се чувствуваат со свежи непца, а чоколадото има и доза кофеин.


Фото: Pixabay

- Чоколадото е сложен десерт со многу слоеви за истражување. Јадењето чоколадо порано во текот на денот со свежо непце е исто така откритие што може да изненади многумина, но го прави чоколадото добар избор за закуска која ќе ни помогне да продолжиме да работиме со полна сила пред ручекот - вели Натали Алибранди, научник за храна.

Експертите откриле и уште неколку работи што можеби не сте ги знаеле за јадењето чоколадо. Имено, тие тврдат дека тоа треба да се јаде во мали количини за да се избегне прекумерна стимулација на сетилото за вкус. Исто така, советуваат да се обидете да го комбинирате чоколадото со нешто друго. Можете да пробате млечно или бело чоколадо со горчлива храна или горчливо чоколадо со посолена храна.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот