X
 09.08.2018 Наука

Марс е прекрасно и чудно место - уверете се и самите

„Кјуриосити“ е теренско возило со големина на автомобил. Во мисијата беше испратен од Кејп Канаверал во САД на 26 ноември 2011 година. После поминатите 560 милиони километри на Марс, слета на 5 август 2012 година, на локацијата Аеолис Палус, во кратерот Гале.

Неговата мисија е да ја истражува климата и геологијата на Црвената планета и да открие дали областа во која се движел е погодна за микробиолошки живот. Исто така, неговата задача е да ја истражува улогата на водата на Марс, и да собере податоци за тоа дали луѓето би можеле да се населат на оваа планета.

Сите шест години го помина во кратерот Гале. Сепак, тој успеа да сними и испрати голем број фантастични фотографии од непознатиот, а сепак толку познатиот свет.

наса
Фото: NASA


Првично, мисијата требало да трае две години. Но во декември 2012 година била продолжена. Заедно со фотографиите и анализата на примероците од почвата, „Кјуриосити“ го мери нивото на радијација на Марс, и пронајде древно корито во кое илјадници години течела вода длабока до колена, како и огромно подземно езеро...

Исто така, НАСА собра фотографии од Марс снимени со помош на вселенското летало како што е Марс Реконаисанс Орбитер и други ровери како Опортунити, кое на Марс се наоѓа повеќе од 15 години.

Фотографиите воглавно го прикажуваат она што одговара на очекувањата на Црвената планета: пејзажот е карпест, сув, прашлив, во голема мера како пустините овде на Земјата. Сепак има фотографии што се сосема различни од она што можеме да го најдеме на нашата планета.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука