Угур Галенкуш, уметник од Истанбул, прави дигитални колажи на кои ја прикажува огромната разлика во начинот на живот во развиените земји на Западот и оние на Истокот што се разурнати поради војните.
Погледнете ги неговите илустрации за контрастот меѓу војната и мирот.
- Живеам во Турција, која се наоѓа во близина на еден од најопасните региони на светот. Контрастот меѓу овие територии одразува два различни света за мене и ме инспирираше да ги прикажам во моите трудови - изјави тој.
Галенкуш се надева дека со спојувањето на овие фотографии ќе инспирира што е можно повеќе луѓе да почнат да се залагаат да им се стави крај на бруталните
конфликти.