X
 30.04.2021 Наука

Русија почнува со производство на првиот комбиниран тест за четири инфекции

Руската биотехнолошка компанија „Биопалитра“ почна со сериско производство на првиот комбиниран тест во светот наречен „Мултискрин“ за дијагностицирање на ХИВ, хепатит Б и Ц, и сифилис - тестот овозможува проверка за присуство на овие четири болести истовремено.

Според директорот за развој на „Биопалитра“, Андреј Березин, пазарот за тестови за хепатит, сифилис и ХИВ се проценува на 6,7 милијарди рубљи, а во моментов компанијата зафаќа околу 7 отсто од пазарот во областа на тестовите за ХИВ. Тоа искуство ѝ овозможило на компанијата да одлучи да направи комбиниран тест.

- Нашето искуство ни помогна да создадеме систем кој овозможува истовремено да се извршат четири теста со една анализа. Ова ќе придонесе да се намали бројот на тестови за увоз, да се зголеми потенцијалот за извоз на земјата, а земјите од Блискиот Исток веќе покажаа интерес за нашите производи. Најважно е да се намалат напорите и времето поминато на тестови. Резултатите од истражувањето може да се дознаат за околу два часа, што е трипати побрзо отколку сега - вели Березин.

Според компанијата, во моментов во светот нема тестови што можат да дијагностицираат четири инфекции на молекуларно ниво во една анализа.

Планираниот капацитет за производство е околу 5,76 милиони тестови годишно. „Биопалитра“ очекува дека нејзиниот нов тест ќе отвори ветувачки пазар за комбинирани тестови. Според компанијата, се планира развој на технологијата и таа наскоро ќе почне да работи на создавање мултиплекс технологија - тест кој не само што ќе покаже дали резултатот е позитивен или негативен, туку и кој вирус дал таков резултат.

Генералниот директор на компанијата „Биопалитра“, Владимир Окруj, изјави дека компанијата вложила околу 883.000 евра за да почне сериско производство на тестови, а Рускиот фонд за индустриски развој обезбедил заем од 559.000 евра.

Извор: Sputniknews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука