Ова лето ќе се отвори киоск за брза храна и пијалаци во Помпеја стар 2.000 години. Археолозите го откриле киоскот минатата година, а тој ќе ѝ биде отворен на јавноста по реновирање. Отворањето е закажано за 12 август.
Киоскот за брза храна бил откриен во археолошки парк во Помпеја, а некогаш на купувачите им нудел храна како месо, риба и полжави, покажале остатоците на местото. На местото биле пронајдени и прибор за готвење и шише за вино.
Киоскот е украсен со фрески со живописни бои. Тој сведочи за секојдневниот живот во Помпеја, но и претставува редок елемент кој е ископан во целост.
Помпеја била уништена за време на ерупција на Везув во 79 година. Се проценува дека починале 2.000-15.000 луѓе. Неговите остатоци биле откриени дури во 16. век, а досега се ископани околу две третини од наоѓалиштата.
Извор:
Klix
Фото: Twitter