Вилијам има 99 години и тој и неговата најдобра пријателка Ен никогаш порано не пробале брза храна, па менаџерот на домот каде што се сместени дедото и бабата решил да им понуди неколку вакви јадења.
Пензионерите пробуваат пица, крофни, хамбургери и многу други работи и коментираат како им се допаѓа храната.
За Вилијам и Ен, некоја храна е тврда. Така, Вилијам вели дека кога ќе гризнеш пица, се прашуваш кога ќе завршиш со џвакањето. Но на Ен ѝ се допаѓа.
На Вилијам му се допаѓа вкусот на хамбургерот, а Ен мисли дека еден бургер е преголем за неа.
Погледнете ги.
Насловна фотографија: Facebook/printscreen