X
 09.08.2022 Живот

Како всушност се живее во Канада

Животот во Канада за многумина звучи како сон, но вистината е малку поинаква.

Тоа е земја во која здравственото осигурување е целосно бесплатно, економијата е стабилна, природата е недопрена, како нација се отворени и пријателски расположени, мултикултурни, толерантни кон различностите, квалитетот на водата и воздухот е исклучителен, се смета за една од побезбедните земји за живот. Но, не е сè баш бајковито.

Еден корисник на „Редит“ поставил прашање што не чини во живеењето во Канада. Добил бројни одговори, а ова се десетте најинтересни:

1. Огромна оддалеченост. Буквално е поевтино да се лета во Европа отколку во многу места во Канада.

2. Зимите варираат од груби до неверојатно брутални, зависно од тоа каде живеете.

3. Лудо високи трошоци за живот. Кириите се високи, куќите непристапни, скапи се и претплатите за мобилни телефони, скапи се млечните производи, како и алкохолот, особено во баровите.

4. Мора да имате автомобил. Освен ако животот не ви е неверојатно ограничен во однос на патувањата и никогаш не го напуштате градот, освен со воз (ова е можно само ако живеете на истокот). Во некои градови не можете да се потпрете ниту на автобуски превоз.

5. Патиштата и инфраструктурата се многу лоши. Тука не зборуваме за поправките, туку за дизајнот и корисникот на „Редит“ вели дека и САД имаат сличен проблем.

6. Животот во непосредна близина на САД значи дека американските медиуми често доминираат над канадските. Канаѓаните често повеќе внимание посветуваат на американските отколку на канадските избори.

7. Одењето на стоматолог е многу скапо.

8. Поседувањето недвижнини. Многу луѓе не можат ни да сонуваат дека некогаш ќе прекинат со плаќање станарина.

9. Фактот дека полицијата лечи криза во менталното здравје. Мислев дека парите од данокот што го плаќам се троши на здравствена заштита, вели еден корисник на „Редит“.

10. И за крај, Џастин Бибер е од Канада.

Освен тоа што наведуваат дека животот во градовите е прескап, дека даноците се превисоки, дека здравствената заштита е бесплатна, но затоа за здравствена услуга се чека со месеци, а доколку се надевате дека кога ќе се преселите таму, ќе можете да ја преселите и својата кредитна историја - не може, ќе морате да градите од нула.

Извор: Buka
Фото: Freepik
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот