X
 09.08.2024 Живот

Фотографии направени со разлика од 15 години покажуваат колку е стопен швајцарски глечер

Високо на швајцарските Алпи, глечерот Роне не е само изворот на реката што го носи неговото име, туку и еден од основните придонесувачи за Женевското Езеро.

Иако глечерот се повлекува уште од леденото доба, стапката на неговата рецесија почна да ги алармира научниците и локалното население, кои дури почнаа да го покриваат со ќебе во топлите месеци за да престане да се топи.

Иако зголемената стапка на топење секако е поврзана со климатските промени, тешко е да се замисли како изгледа сето тоа. Веројатно затоа интернетот се изненади кога Данкан Портер, развивач на софтвер од Англија, објави слика од него и неговата сопруга Хелен како стојат пред глечерот со разлика од 15 години. Кога ќе се погледнат една до друга, двете фотографии, направени во август 2009 и август 2024 година, се прилично шокантни.

На сликата од 2009 година, заднината е исполента со мразот на глечерот, но 15 години подоцна, има тело со вода и делови од нечистотија каде што некогаш стоел голем дел од глечерот. Разликата го изненади Портер.

- Нема да лажам, ме расплака - напиша тој.

За оние кои повеќе се запознаени со климатските промени, контрастот и не е толку шокантен. Според официјалните извештаи, алпските глечери изгубиле 60 отсто од својот волумен од 1850 година. А во Швајцарија, имало губење на волумен од 10 отсто само во 2022 и 2023 година. За среќа, 2024 година забележа огромен пораст на снежните врнежи, но со оглед на сликите на Портер, веќе е направена голема штета.

Швајцарскиот глациолог Матијас Хус објави неверојатно гиф-видео кое покажува како дополнителните врнежи од снег сè уште може брзо да се стопат откако ќе пристигнат високите температури.

Многу од негирачите на климатските промени кои ја коментираа објавата на Портер напишаа дека глечерите отсекогаш се топеле, користејќи го ова како доказ дека ништо не се променило. Меѓутоа, како што наведуваат другите експерти, не е проблем топењето само по себе, туку брзата стапка на топење што предизвика загриженост.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот