X
 09.08.2024 Живот

Ова се спортистите со најмногу олимписки медали

Додека спортистите се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз за златни медали и рекорди, една титула сè уште е далечна за освојување: најпобедничкиот олимписки спортист на сите времиња.

Со 28 медали, американскиот пливач Мајкл Фелпс се смета за најдобриот од сите. Но, кој друг се приклучува на листата и кои од тие спортисти сè уште се активни?

Графиконот во продолжение ги прикажува најдобрите девет спортисти според вкупниот број освоени олимписки медали.

Првиот настап на Фелпс на Олимпијадата беше кога тој имаше 15 години, со што беше најмладиот американски пливач-учесник на Олимпијадата во последните 68 години и заврши на 5. место во дисциплината 200 метри пеперутка.

1
Фото: Visual Capitalist

Оттогаш, најодликуваниот спортист на модерната ера застана на највисокото место на подиумот 23 пати, 2,5 пати повеќе од кој било друг спортист. Неговите 28 медали го ставија 10 места пред советската гимнастичарка Лариса Латинина, која е втора на листата.

Латинина се смета за една од најголемите во историјата на спортот. Таа освои рекордни 18 олимписки медали, вклучувајќи 9 златни, на три игри од 1956 до 1964 година.

Бронзениот медал на оваа листа ѝ припадна на Марит Бјорген. Норвешката крос-кантри скијачка освои 15 олимписки медали, вклучително и 8 златни, за време на нејзината кариера од Зимските игри 2002 во Солт Лејк Сити до Зимските игри 2018 во Пјонгчанг и постави бројни рекорди во настаните од Светскиот куп.

Кејти Ледеки неодамна стана најодликуваната американска олимпијка на сите времиња, освојувајќи го својот деветти златен медал во Париз 2024 година.

rang

По националност, на листата доминираат советски спортисти (Лариса Латинина, Николај Андријанов, Борис Шахлин), со двајца спортисти од Норвешка (Марит Бјорген, Оле Еинар Бјорндален), двајца од САД (Мајкл Фелпс, Кејти Ледеки), еден холандски спортист (Ирен Вист), и еден Италијанец (Едоардо Манџароти).

Извор: Visual Capitalist
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот