Можеби не сте знаеле, но постојат неколку држави кои се подготвени да ви го дадат нивниот пасош за одредена цена, која варира од екстремно високи до релативно поволни.
Пред помалку од пет години, во сите светски медиуми одекна информацијата дека островската држава Малта ги продава своите државјанства. Малта е членка на ЕУ, поради што оние кои имаат ваков пасош, имаат дополнителни привилегии. Ако сакате да бидете дел од оние кои имаат ваков пасош - морате да издвоите скоро милион долари.
Слична опција нуди и Ирска, доколку сакате да живеете во посеверните делови на Европа. Цената е иста како и за Поругалија - мора да купите земја/недвижнини во вредност од 675.000 долари. Дури по пет години добивате државјанство.
Засега најповолно е државјанството на Балтикот, во Летонија, каде можете да го купите за 96.000 долари. Летонија е една од земјите во шенген зоната, па визата е осигурана за најмалку 30 држави на ЕУ.
Фото: Profimedia
Од друга страна, според тврдењата на ОЕЦД, можете да купите и државјанство од Бугарија. Тоа чини 500.000 долари. Слична шема постои и во Македонија, а Стејт Департментот наведува дека мора да имате компанија која вработува најмалку 10.000 луѓе.
Развиените земји на Блискиот Исток скоро се и недостапни, но има исклучок. Во Дубаи, барањето за државјанство можете да го предадете само ако купите имот во вредност од 273.000 долари.
Ако сакате поегзотични краеви, како Св.Китс и Невис, вложете во недвижнини 400.000 долари, и со регистрација што чини 50.000 долари, ќе станете нивни државјанин. Погодноста на овој пасош е што можете да патувате во 131 земја без виза.
Постојат и други слични егзотични опции. Карипскиот остров Антика и Барбуда, лансира „Државјанствно преку инвестициска програма“. Недвижнини од 400.000 долари ви купува и државјанство и патување во 131 земја без дополнителна виза.
Доминика бара неповратна инвестиција од 100.000 долари и дополнителни 1.800 долари такса. За осум недели добивате „економско државјанство“ и пристап во 87 земји без виза.
Доколку сакате опција без пари - секогаш постои Парагвај. Оваа земја во Јужна Африка нуди државјанство на сите луѓе кои живееле во државата најмалку три години. Слична опција ја нуди и Шпанија (и многу други земји), каде за една година во брак со државјанин на Шпанија, добивате државјанство од оваа држава.
Постојат места во светот за кои е потребно многу помала сума. Така на пример Тајланд нуди државјанство од 15.000 долари. Постојат пет различни пакети за Тајланд, од евтини до елитни. Така, нуди државјанство од траење од 20 години за 60.000 долари, плус 600 долари годишен данок. Почетниот пакет е 15.000 долари, односно државјанството може да го плаќате со креди до 3.000 годишно, 5 години.
Можете да купите пасош во Св.Луција, за 100.000 долари. Овие пари ги донирате во Луција националниот економски фонд или можете да инвестирате 300.000 долари за развој на недвижнини. Посебни погодности за живот на островот добивате со инвестиција од 3.5 милиони долари.
Релативно евтино е и
државјанството на Гренада. Донација од 200.000 долари до Националниот фонд за трансформација или инвестирање во недвижнини од 350.000 долари ви носи пасош.