X
 09.09.2020 Живот

Компанија нуди бесплатно студирање за децата на 16.000 вработени

Американската компанија „Хормел фудс“ објави дека ќе почне да нуди две години бесплатна факултетска школарина за сите деца на нејзините вработени од наредната година.

Како што велат, програмата е начин да се создаде еднаквост во образованието, а компанијата се надева дека оние што ќе ја искористат понудата ќе бидат првата генерација студенти во нивните семејства.

Наречена „Инспирирани патишта“, програмата ќе почне есента 2021 година. Портпаролот на компанијата изјави дека компанијата има 16.000 вработени, а програмата е отворена за секое дете на тие работници. Компанијата има повеќе од 30 фабрики и канцелариски локации во САД, а децата можат да го посетуваат  кој било колеџ во заедницата по сопствен избор, под услов да завршат средно образование и да ги исполнуваат условите за влез на колеџот.

- Кога размислувате за тоа како факултетското образование може да ги смени животите и да почне бран на ефекти што ќе се чувствува со генерации, „Хормел фудс“ е компанија што сака да биде таков креатор на промени - вели Џим Сни, претседател и извршен директор на компанијата.

Не само што компанијата ќе вложи пари во програмата, туку и ќе вложи големи напори за да се осигури дека луѓето знаат за неа, охрабрувајќи ги супервизорите да ги известат своите вработени и да им помогнат во процесот доколку се заинтересирани.

Фондацијата „Хормел“ изминатите години понуди слична програма што им овозможуваше на студентите од Остин, Минесота, каде што се наоѓа седиштето на компанијата, да се запишат на колеџот „Риверленд“ без плаќање никаква партиципација.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот