X
 20.04.2017 Економија

Дознајте како владата на САД ги троши парите

Поранешниот извршен директор на Мајкрософт Стив Балмер започнува нов проект со цел да понуди база со податоци за приходите и трошењето на владата.

стив балмер
Фото извор: The verge


Интернет страницата наречена USAfacts прикажува финансиски податоци од владата на САД, а на неа работат економисти, професори и истражувачи во последните 3 години.

Балмер потрошил повеќе од 10 милиони долари на проектот.

Оваа страница трага по 5,4 трилиони долари кои ги троши владата во четири категории кои произлегуваат од јазикот во уставот на САД. Трошоците за одбрана на пример, се категоризираат под насловот „обезбеди за заедничка одбрана“, додека трошоците за образование се „обезбеди го благословот на нашата слобода и просперитет“. Распределбата на трошоците и приходите се мапирани во сини или розови графици, со детални дефекти долж федералните, државните и локалните линии. Корисниците може да пребаруваат специфични бази на податоци како што се приходите на аеродромите или стапката на криминал.


1
Фото извор: The verge


Балмер кој прв го откри проектот во интервју во ноември, вели дека бил внимателен да ја направи страницата аполитична. Тој се надева дека со ова се креира интегриран ресурс што луѓето можат да го користат за да трагаат по владините финансии и да формираат мислење врз основа на „заеднички збирки на податоци кои се веројатни“ – нешто што би можело да биде корисно во ера на лажни вести и измами.

„Би сакал граѓаните да можат да го користат ова да креираат интелигентни мислења,“ изјавил тој.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија