X
 26.08.2024 Живот

Ова не е крстосувач, туку брод со 165 приватни станови на милионери што го обиколува светот

„Светот“ не е брод за крстосување, иако на прв поглед може да изгледа така. Кога „Светот“ би бил брод за крстосување, во него би уживале околу 1.500 луѓе. Кога бродот е преполн, таму има само 200 до 300 луѓе. 

Всушност, се работи за брод со 165 пловечки станови во приватна сопственост, кој плови по однапред договорен распоред - на располагање се еднособни станови од 27 квадратни метри до четирисобна резиденција од 300 квадратни метри.

Колку чини? Становите се продаваат по цена од 2,4 до 15 милиони долари. Дополнително, секоја година се плаќа надоместок за одржување. Затоа, не е чудно што сопствениците на становите во бродот се мултимилионери и милијардери - најмногу од Северна Америка и Австралија, но и од други делови на светот. Некои остануваат на бродот само неколку месеци, додека други живеат на него цела година.

И не е доволно само да имате пари – за вас мора да гарантираат барем двајца сопственици на станови во „Светот“ пред да се разгледа вашето барање за купување. Како на брод за крстосување, „Светот“ има услуга во соба 24 часа на ден, неколку различни ресторани и барови, фитнес-сала, спа-области, базени и медицински центар.

И тука завршуваат сите сличности.

 
Патување низ светот

Сопствениците на становите во бродот имаат право да гласаат за тоа што ќе се реконструира на бродот со 12 палуби и 196 метри должина, како и каде ќе патуваат. Маршрутата за 2026 година штотуку е договорена и ќе вклучува дестинации како што се Антарктикот, Велигденските Острови и Француска Полинезија. Во просек, бродот се закотвува на пристаниште околу 100 пати во текот на годината. На секоја дестинација се останува од два до пет дена, во зависност од местото.

„Светот“ бил лансиран во февруари 2001 година, а практиката покажала дека сопствениците чуваат стан таму во просек од седум до осум години. За тоа време неколку пати го виделе поголемиот дел од светот и копнееле по својот дом, семејството и пријателите. Некои го напуштаат бродот за да бидат поблиску до специјализираните медицински услуги што им се потребни.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот