X
 09.10.2021 Живот

Што се случува во стомакот кога ќе голтнете гума за џвакање?

Можеби сте слушнале дека гумата за џвакање не се вари во желудникот. Некои велат дека ѝ се потребни седум години за да се свари, а други воопшто не веруваат во ниту едно од овие тврдења.

Американскиот Институт за човечка анатомија неодамна ги анализирал овие тврдења во видео. Според едукативниот канал, тешкото варење на гумата за џвакање не е целосен мит.

Освен бојата и вкусот, гумата за џвакање има состојки кои ѝ ја даваат гумената текстура. Забите и плунката не може да ги разложат овие состојки, а не може ни дигестивниот тракт. Овие состојки не се разложуваат дури ни во стомакот.

Добрата вест за оние што голтнале гума за џвакање е дека таа сепак не останува во телото, иако не се разложува. Луѓето еволуирале за да може да преработуваат секакви видови материјали што не се разложуваат, како влакна. Доколку нешто не се разложи во системот за варење, телото едноставно го исфрла.

Сепак, ова не треба да ви биде изговор да ја голтате гумата за џвакање бидејќи во големи количини, таа може да се заглави во дел од системот за варење. За повизуелно претставување на процесот, погледнете го видеото во продолжение.


Извор: Mental Floss
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот