Некоја храна може да поттикне потење, но потењето додека јадете може да биде предизвикано и од нешто друго.
Најчеста причина поради која луѓето се потат додека јадат е зачинетата храна. Таа ги поттикнува нервите кои го затоплуваат телото, па се потите за да се изладите. Храната што има кисели состојки, како оцет, и топлата храна, исто така, може да поттикне потење.
Понекогаш оброците со висока содржина на шеќер може да предизвикаат телото да произведува премногу инсулин, а тоа може да доведе до пад на шеќерот во крвта. Еден од знаците за оваа состојба е потењето.
Фото: Pixabay
Кај некои луѓе потењето не е предизвикано од одредена храна, туку станува збор за медицинска состојба поврзана со проблеми со нервите во устата. Прекумерното потење лекарите го нарекуваат хиперхидроза.
Кога прекумерно се потите по јадење, тоа е познато како густаторна хиперхидроза. Ова е ретка состојба, но може да се појави доколку некој од вашите предци ја имал, доколку нервите во устата се оштетени од повреда или по операција. Таа може да се јави и во случај на здравствен проблем кој влијае врз нервите, како дијабетес или Паркинсонова болест.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay