X
 20.07.2015 Здравје

Овошје кое ги уништува канцерогените клетки

Ракот е една од најтешките болести во светот. Тој создава многу проблеми на луѓето но и на научниците кои никако не може да најдат соодветно решение за елиминација на оваа смртоносна болест. Малкумина знаат дека длабоко во шумите на Централна Америка и Карибите живее едно не толку познато растение наречено гијабано или гравиола.

Ова дрво е дел од фамилијата на јаболка и неговото латинско име е анона муриката. Дрвото може да достигне висина од 4 метри и неговите листови се овални и се со темно зелена боја. Плодовите се овални со темно зелена боја и може да бидат долги 30 центиметри. Вкусот на плодовите е киселкаст. Семките се темни, нејадливи и содржат 24 проценти масло.

Ова растение станало хит откако се докажало дека деловите од него ги уништуваат канцерогените клетки. Имено, од семките со посебна фракциона метода се изолирало соединение наречено цис –анонацин. Ова соединение селективно ги уништува канцерогените клетки на дебелото црево. Екстрактот од ова дрво ефективно ги пронаоѓа и уништува 12 различни типови на рак вклучувајќи таков на дебело црево, гради, простата, бели дробови и рак на панкреас.

Секој дел од ова растение е ефективен уништувач на канцерогени клетки. Семето од ова неверојатно растение е нејадливо поради високата концентрација на анонацин кој е всушност невротоксин. Од нив се прави масло кое се користи во лечење на разни болести како астма, висок крвен притисок, несоница, ревматизам и кожни болести.

Ова овошје поради лековитата способност е и многу скапо и чини околу 250 долари за еден килограм.

Извор: Optimum Naturae


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје