Интересна мапа објавена на страницата „Лавер оф џиографи“ на „Инстаграм“ го прикажува времето во кое најчесто вечераат жителите на различни држави во Европа.
Според мапата, Македонците најчесто вечераат од 20 до 21 часот. Во земјите од регионот, меѓу кои и Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија, најчесто време за вечера е од 19:30 до 20:30 часот.
Мапата покажува дека Норвежаните се меѓу оние што вечераат најрано, од 16 до 17 часот. Од друга страна, најдоцна вечераат Шпанците, од 21:30 до 22:30 часот.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay