X
 04.08.2016 Култура

Ова се најиновативните делови од Европа

Eвропа долго време тајно ѝ се восхитува на Силиконската долина. Такашто кога еден европски политичар сака да потенцира колку е иновативен неговиот регион, вообичаено е да го поврзи со долината.

 

1


Еден ваков пример е „Силиконска Саксонија“ во источниот дел на Германија, со регионалниот главен град Дрезден. Кога голема германска компанија го отвори своето ново седиште во Минхен на почетокот на оваа година, сите беа воодушевени. Но, што е толку извонредно?

Иако споредбата претежно нагласува колку Европејците заостануваат позади Америка во иновациите, Минхен можеби е поблиску отколку другите градови на континентот, според новиот ЕУ извештај со кој се покажува иновацијата низ континентот. Иновацијата е базирана на 12 критериуми во кои се вклучени бројот на дипломирани студенти, уделот на високо-технолошки работни места меѓу вкупниот број на вработени и бројот на нови производи создадени таму.

Главниот заклучок кој вели дека повеќето иновативни региони исто така се наоѓаат во земји кои се сметаат за најиновативни, не е нешто што изненадува, но покажува колку Европа е поделена - со некои земји далеку заостанувајќи позади другите.

Најкреативните и најпродуктивните региони во Европа се наоѓаат во Германија, Франција, Британија и нордиските земји. Јужниот дел на Англија, северниот дел на Данска, јужниот дел на Германија и Париз се особено успешни додека Романија, Полска и Шпанија имаат региони каде не е забележана иновација.

Како политичка и економска унија, цела Европа треба да биде загрижена.

Европа станува се' помалку иновативна

Европската Унија собира слични податоци во изминативе осум години. На почеток и покрај глобалната финансиска криза во 2008 година, зголемувањето на ефикасноста беше забележана речиси во сите региони. Но, две години подоцна, станаа очигледни првите знаци на криза во иновациите. Досега, не постои начин со ко може да се сокрие фактот дека овој пад не е само проблем во регионот, туку се шири низ целиот континент.

 

1


„Во Белгија, Грција, Ирска, Холандија и Романија, перформансите се намалија во сите региони“, велат авторите на извештајот. Германија која често се смета за економскиот центар на континентот, исто така не беше во можност да ја подобри ефикасноста. Но Германија претставува вистинска лекција за остатокот од континентот.

Не е потребна универзитетска диплома за да бидете иновативни

 

2


Германија можеби е една од најиновативните земји во Евопа, меѓутоа има помалку дипломирани студенти од другите земји на ЕУ кои имаат полоши резултати во иновациите.

Учеството на дипломираните студенти помеѓу вкупната работна сила е само половина од просекот на ЕУ во повеќето германски региони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура