X
 04.08.2023 Наука

Научници произвеле лубеници на најстуденото место на Земјата

Група руски научници го направиле невозможното: произвеле лубеници на Антарктикот.

Подвигот бил направен во рамки на експеримент спроведен во станицата „Восток“, која се наоѓа на локација која се смета за најстудено место на планетата. Таму еднаш била измерена температура од 89,2 степени Целзиусови под нулата.

Истражувачите во станицата создале оаза во која успеале да ги зголемат температурата и влажноста на воздухот за да создадат совршени услови за растење на лубениците. Биле одбрани лубеници кои зреат рано и може да се адаптираат на нискиот атмосферски притисок и недостаток на кислород во стаклената градина. Научниците рачно го правеле опрашувањето бидејќи немало инсекти во стаклената градина.

Точно 103 дена по засадување на семето, научниците добиле осум зрели лубеници со големина од околу 1 килограм.

Научниците сега планираат да се обидат да произведат друго овошје во станицата, како капини, боровници и јагоди.


Извор: Live science
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука