X
 07.01.2020 Живот

15 работи што треба да ги направите додека имате шанса

Младоста е еден од најубавите периоди во животот на луѓето, па зошто да не ја „прегрнете“ и да направите некои од овие работи.

1. Одете во земја чиј јазик не го знаете и каде што ретко кој го знае англискиот јазик. Научете што значи да дознавате и откривате работи сами, и да живеете „залепени“ до вашиот речник.

2. Спијте со целото тело испружено на креветот во вашиот сопствен стан (соба), каде што никој не смее да ви наредува да бидете тивки.

3. Патувајте без да одредите дестинација. Застанувајте во ресторани и продавници и воопшто не грижете се каде може да завршите.

4. Танцувајте со непозната личност на цели три песни, а потоа одете си дома сами, без да чувствувате дека сте ѝ должни за нешто.

5. Прочитајте книга поврзана со религијата. Научете нешто за кое не сте ни слушнале претходно.

6. Организирајте огромна забава со сите луѓе што ги сакате, но не ги гледате толку често.

7. Бакнете некој пријател, само за да видите дали ќе добиете пеперутки во стомакот.

8. Уживајте во долгото неделно утро. Исклучете го вашиот телефон и лежете до пладне.

9. Јавете му се на стар пријател кој не сте го виделе долго време и испланирајте средба.

10. Одете на кампување со неколку пријатели - ќе имате неверојатно чувство.

11. Заштедете пари, дајте отказ од вашата ужасна работа и патувајте наоколу. Дури и да не пронајдете нешто подобро, секогаш ќе можете да најдете иста таква работа.
12. Напуштете ја одвратната работа и покажете му на вашиот одвратен шеф кој сте.

13. Поминете еден цел викенд сами; шетајте сами, јадете во ресторан сами, пијте кафе сами. Немојте да пуштате музика - едноставно слушнете ги работите што претходно не сте можеле да ги слушнете - вревата на децата, звукот на ветрот, убавината на летото.

14. Организирајте интересна забава со некоја тема.

15. Организирајте состанок за двајца ваши пријатели за кои знаете дека совршено си одговараат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот