Поради епидемијата на коронавирусот, Кина го одложи почетокот на второто полугодие во училиштата и факултетите до неопределено, соопшти кинеското министерство за образование.
Пекинг вчера соопшти дека распустот за Кинеската Нова година ќе го продолжи до 2 февруари, меѓутоа, денеска почетокот на наставата е одложен до натамошно известување.
- Универзитетите и високошколските установи под покровителство на министерството треба на соодветен начин да го одложат почетокот на пролетниот семестар - се вели во соопштението.
Според последниот биланс, во Кина починаа 106 лица од коронавирусот, додека потврдени се 1.300 нови заразени случаи.
Градот Вухан, со 11 милиони жители, каде што е регистриран првиот случај на заболен од овој вирус, пред пет дена беше ставен во карантин.
Извор: МИА