X
 09.12.2019 Култура

Најмудрите мисли на Достоевски

Фјодор Достоевски е еден од најгенијалните писатели кој длабоко проникнува во човековата душа.

Достоевски е ненадминлив во начинот на разоткривањето на човековата душа и тој е претставник на психолошкиот реализам. Креатор е на многу мудри мисли кои оставиле трага, а ние ќе ви ги презентираме најцитираните.

dostoevski


Ако сте се упатиле кон целта и при секоја препрека застанувате да фрлате со камења кон секое куче што лае по вас, никогаш нема да стигнете до целта.

Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мислете на минатото, гледајте само во иднината.

Ако при секоја услуга веднаш помислувате на благодарност, тогаш не сте дарувале, туку сте продале.

Кога богатството е изгубено, ништо не е загубено, кога здравјето е изгубено, сè е загубено.

Ако рајот не е во тебе самиот, никогаш нема да влезеш во него.

Глупак кој станал свесен дека е глупак не е повеќе глупак.

Оној што никогаш не го менува своето мислење се сака себеси повеќе отколку вистината.

Пред да им кажеш на луѓето како треба да живеат, покажи го тоа со свој пример.

Оние што знаат да говорат, говорат кратко.

Ако си успешен во нешто, тогаш луѓето или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат.

Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.

Знајте дека нема ништо посилно, и поздраво, и покорисно за идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството, од родителската куќа… Еден толку прекрасен свет спомен зачуван од детството можеби е токму најдобро воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени, тогаш тој е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце, некогаш и тоа може да послужи како спас. Не плашете се од животот! Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!

Достоевски – „Браќа Карамазови“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура