На 22 декември 1849 година, членовите на руската интелектуална книжевна група познати како „Кругот на Петрашевски“ биле испратени на плоштадот Семјонов за да бидат убиени со стрелање.
Додека војската се подгтовувала за егзекуција, дошол гласник на царот со бело знаме кој дал официјално помилување од царот на Русија, Николај I, со цел да покаже милост.
Сепак, ова не било знак на милост, туку исцениран начин за да се поттикне страв, терор и благодарност. Егзекуцијата била наречена „егзекуција на потсмевање“, а меѓу жртвите бил и познатиот руски автор Фјодор Достоевски. Како стигнал таму?
Достоевски бил роден во ноември 1821 година во семејство од работничка класа. Неговиот татко работел во болнца која помагала на сиромашните. Семејството доживеало огромна сиромаштија во текот на 19-от век.
До неговата 18 годишна возраст, Достоевски ги изгубил и двата родители; неговата мајка починала од туберкулоза, а неговиот татко починал во мистериозни околности. Иако докторите изјавиле дека починал од мозочен удар, неговиот сосед се колнел дека бил убиен, врзан за стол и удавен во вотка.
Во 1846 година, Достоевски го објавил неговото прво дело „Бедни луѓе“, роман во кој бил претставен животот на сиромашните Руси и нивните односи со богатите. Тој бил пофален од критичарите, весниците и литературната заедница.
Вестите за новиот гениј, Достоевски, започнале да кружат низ Санкт Петербург.
Дури и големиот руски критичар Висарион Белински го пофалил романот и изјавил дека тој е социјално свесен и пишуван со голема вештина. Земајќи го Достоевски под негова закрила, тој го запознал со многу руски писатели, поети и уметници. Најмалку еден биограф на Достоевски смета дека ова не било баш во полза на Достоевски. „Со сигурност можам да речам дека успехот на „Бедни луѓе“, како и восхитот на Белински, дефинитивно негативно влијаеле врз Достоевски“, вели Дмитриј Григорович затоа што Достоевски станал арогантен и премногу самоуверен.
15 дена подоцна, уште една негова кратка приказна, „Двојник“, била објавена во весник. Неколку недели подоцна, ова беше вториот роман на Достоевски, на само пет недели од појавата на првиот. Овој роман не беше пофален, такашто неговата репутација веднаш колабира. „Не само што е лоша, туку книгата предизвика Достоевски да стане една лоша шега“, вели една критика.
Делумно поради негативното внимание, Достоевски започнал да страда од здравствени проблеми. Исто така, западнал во тешки финансиски проблеми. Тоа го принудило да бара помош од Белински и неговата група на социјалисти. Во саботите и неделите, Достоевски бил редовен гостин во резиденцијата на Михаил Петрашевски, кој бил голем интелектуалец и поборник на утопискиот социјализам. Тие разговарале, јаделе, пиеле, а групата започнала да ја нарекуваат „Кругот на Петрашевски“.
Покрај Петрашевски, Достоевски и Белински, во кругот биле и писателот Михаил Салтиков-Шчедрин, сликарот Тарас Шевченко и други. Покрај нивните утопистички разговори, тие разговарале и за социјалистичката политика и биле против владеењето на Цар Николај I, и читале забранета литература.
Поради сето тоа, на 23 април 1849 година, 35 членови од кругот биле уапсени. Исто така, имало и белешка до полициските службеници за повик за апсење на Достоевски. Во белешката пишувало:
„Според наредба од царот, ви наредувам да го уапсите литературниот уметник Фјодор Достоевски во четири часот наутро. Да ставите печат на неговите документи, ракописи и книги и овие материјали заедно со Достоевски да ги испратите во третиот оддел на Кралската полиција на неговото височество“.
Групата била затворена во тврдината Св.Петар и Павле, или едноставно позната како „Тврдината на затворот“, во која се чувале најлошите криминалци. После неколку месеци затвор, тие биле осудени на смрт со стрелање.
На 22 декември, тие биле одведени на плоштадот на Санкт Петербург за да умрат. Токму тогаш се појавил гласникот на Царот.
Фактот што биле спасени во последната секунда не било гест на милост. Ова помилување било договорено еден ден претходно, и било наредено да се помилуваат во последната секунда.
Сепак, затоврениците не поминале неказнети. Достоевски, заедно со уште неколку негови колеги, биле испратени да работат во логори во Сибир, кадешто поминале четири години.