X
 09.12.2019 Живот

Тајниот проект на Стив Џобс пред неговата смрт

Коосновачот и претседател на „Епл“, Стив Џобс, сакал да шета низ улиците на Пало Алто во Калифорнија. Откако неговата гордост, ајфонот, го здогледа светлото на денот, секогаш го носел со себе додека шетал.

Првиот ајфон во 2007 година имал лоша и бавна врска за пренесување на податоците, но имал многу побрза опција: Wi-Fi. Дури имал и можност на екранот да се појават сите достапни безжични мрежи што се наоѓаат во близина.

- Еднаш ми рече дека постои голем проблем со технологијата кој сака да го поправи: повеќето Wi-Fi мрежи кои излегле на неговиот екран не можеле да се користат бидејќи биле осигурани со лозинка - вели Волт Мосберг. Џобс тогаш рекол дека ја разбира потребата за сигурност, меѓутоа, бил одлучен да направи интернет-мрежа која ќе биде бесплатна, сигурна и лесно достапна во сите домови и помали компании.

Неговата идеја била во безжичните рутери да се вгради опција за гости - посебна Wi-Fi мрежа безбедно одвоена од домашната мрежа и со сопствено име. Тој се надевал дека индустријата тогаш ќе ги охрабри луѓето да ја поделат својата интернет-мрежа со „гостите“, односно странците. На тој начин корисникот на паметен телефон би можел да се движи од една Wi-Fi точка до друга без постојано да мора да се логира.

Корисниците на таа „мрежа за гости“ не би имале никаков пристап кон главната мрежа, ниту пак кон компјутерите, печатачите или какви било други датотеки, но сепак би можеле да се поврзат на интернет.

Вакво нешто сè уште не е направено, меѓутоа, „Епл“ и другите производители на безжични рутери ја прошириле опцијата и на нив направиле можност за „мрежа за гости“.

Сепак, оваа опција не ја користат обичните луѓе. Само 15 до 20% од купувачите на овие рутери ја поставиле мрежата.

Иако идејата нема заживеано, тоа не значи дека компаниите не треба да се трудат. Мора да постои начин сето тоа да се реализира и луѓето каде било во светот да можат да се поврзат на интернет, а не да чекаат да си одат дома.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот