X
 08.07.2018 Живот

Судир што го подели интернетот: Кој возач е виновен?

Малата гребнатина што настанала во лесен судир помеѓу две возила на паркинг, предизвика дискусија околу тоа кој возач е виновен.

Снимката од судирот прикажува бел „Форд“ што се обидува да излезе од своето паркинг место, а возачот на „Хонда“ вози на паркинг местото одма покрај него. Возачот на „Хонда“ очигледно не го видел другото возило возејќи назад и го удрил од страна.

Автомобилите застануваат после лесниот судир. Снимката е објавена на „Фејсбук“ и за брзо време предизвика жестока расправа. Повеќето луѓе сметаат дека белиот „Форд“ е виновен.

-Ова е целосно грешка на белиот автомобил. „Хондата“ веќе беше на половина од своето паркинг место кога „Фордот“ започна да се движи. Возачот на белиот автомобил не ни погледна зад себе - пишува во еден коментар.

Но за брзо време дошло до интензивна дискусија околу тоа дали „Хондата“ е виновна.

-Вината е 50:50. И двата кловнови треба да отворат циркуз - вели друг корисник.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот