Минијатурните скулптури направени од рускиот уметник Салават Фидаи се навистина фасцинантни. Времето, трудот и трпението што ги вложил во нивното создавање се повеќе од очигледни.
Уметникот користел нож „Х-АСТО“ за прецизно да ја направи посакуваната форма - главно ликови од поп-културата, згради, статуи и секојдневни предмети. Секако, грешките се неизбежни, но и тие се дел од убавината и процесот на мини-
скулптурите.
За Фаид, оваа работа е како медитација, но и предизвик. Според него, најтешката задача е да се направат овие мини-скулптури без да се скршат.