X
 05.03.2018 Наука

Откриена колонија од 1,5 милион пингвини на Антарктикот

kolonija
Фото: Tom Hart/Oxford University/Penguinwatch

На источниот Антарктик се откриени 1,5 милион аделиски пингвини, соопштуваат изненадените научници.

На само 160 километри од западниот Антарктик на истиот вид му се заканува опасност од изумирање поради топењето на мразот предизвикано од глобалното затоплување.

Сега излегува дека островот Дангер е домаќин на повеќе од 750.000 парови адели пингвини, што е повеќе од бројот што останал во регионот, објаснува научниот тим од Универзитетот „Стони Брук“.

Кога податоците од сателитите покажале присуство на над милион пингвини на островите, научниците мислеле дека е грешка.

„Изненадени бевме што видовме толку пингвини, особено затоа што некои од овие острови никогаш не биле домаќини на пингвините“.

1
Фото: Rachael Herman

Островите се наоѓаат на врвот на Антарктикот, близу Јужна Америка, ретко се посетени, а колонијата од пингвини е откриена благодарение на сателитите за следење на Земјата.

Островите се неверојатно далечни и опкружени со дебел морски мраз, што значи дека останале скриени од светот и на некој начин заштитени од ефектите од климатските промени и човековата активност.

Но во 2014 година истражувачите забележале нешто интересно на сателитските снимки од НАСА - гуано или дамки од измет, што е знак на активност на пингвините. Всушност, научниците забележале многу такви. За да дознае што се случува, тимот организирал експедиција во 2015 година за да открие дали станува збор за пингвини.

Кога пристигнале, се шокирале. Пронашле стотици илјади пингвини. За да ги пребројат, користеле дронови и откриле дека имало 751.527 пара пингвини.

2
Фото: Michael Polito

„Не само што на овие острови се наоѓа најголемата популација на адели пингвини на Антарктикот туку и тие не претрпеле опаѓање на нивната популација“, велат научниците.

„Населението на адели пингвини на источната страна на Антарктичкиот Полуостров е различно од она што го гледаме на западната страна“, вели Стефани Јенувер, еден од авторите, од океанографската институција „Вудс Хол“.

„Сакаме да знаеме зошто. Дали тоа е поврзано со зголемената состојба на морскиот мраз? Достапноста на храната? Има нешто што не го знаеме“, додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука