X
 05.01.2022 Живот

Високата интелигенција има и негативни страни

Од интелигентните луѓе секогаш се очекува да бидат најдобри, без разлика за што станува збор. Поради тоа, тие често го чувствуваат притисокот на општеството и немаат со кого да разговараат за нивните слабости и несигурности.

Токму поради тоа интелигенцијата има свои негативни страни, а ова се најочигледните.

Паметните луѓе често размислуваат повеќе наместо да чувствуваат

Интелигентните луѓе честопати имаат проблеми со тоа што не чувствуваат олеснување при изразување на емоции. Имено, тие повеќе ги изразуваат своите емоции на вербален начин, додека помалку интелигентните се обидуваат да ги изразат преку физички реакции - удирање, трчање, врескање, плачење, танцување или скокање од радост.

На крајот, емоциите на интелигентните луѓе остануваат заробени во нив, без оглед на нивниот вербален израз. Научниците не можат точно да одредат како се поврзани емоционалните и когнитивните способности, но откриле дека високо интелигентните луѓе не мора да се потпираат на емоционални вештини за решавање проблеми.

Луѓето од нив секогаш очекуваат да бидат најдобри во сѐ

Од интелигентните луѓе секогаш се очекува да бидат најдобри, без разлика за што станува збор. Поради тоа тие често го чувствуваат притисокот на општеството и немаат со кого да разговараат за нивните слабости и несигурности. Проблемот се појавува и кога родителите очекуваат премногу од своите паметни деца. Имено, поради големите способности на нивните деца, родителите се фокусираат на тоа што ќе прават нивните деца, наместо она што всушност се нивните деца.

Никогаш не ја ценат вредноста на нивната напорна работа

Луѓето со висока интелигенција честопати имаат чувство дека можат да поминат со вложување многу помалку труд од другите. Но, високиот коефициент на интелигенција не секогаш води до успех. Интелигенцијата може да стане проблем за луѓето кои откриваат дека ја имаат и не мора да работат напорно како другите за да успеат и затоа никогаш не развиваат добра работна етика. Научниците исто така тврдат дека интелигентните луѓе сметаат дека не треба да работат напорно за да го постигнат она што го сакаат.

интелигенција
Фото: Pixabay

Луѓето околу нив може да се налутат ако постојано ги поправаат

Кога интелигентен човек ќе забележи дека неговиот соговорник кажал нешто сосема неточно, тешко му е да ја задуши потребата за појаснување или коригирање. Сепак, важно е да бидете свесни за фактот дека другите луѓе можат да бидат збунети и навредени од таквото однесување и дека тогаш постои ризик да изгубите пријател. Ако ги коригирате луѓето секој пат кога разговарате со нив, тие ќе престанат да се дружат или да разговараат со вас.

Премногу размислуваат за нештата

Заедничка карактеристика на сите интелигентни луѓе е тоа што трошат премногу време размислувајќи и анализирајќи. Тие се обидуваат во сѐ да најдат некакво егзистенцијално значење, што доведува до тоа постојано да бидат во маѓепсан круг. Тие главно се обидуваат да најдат одговори на прашања на кои никој досега не успеал да одговори, а тоа може да изгледа залудно. Проблемот се појавува и при донесување одлуки. Тогаш паметните луѓе се обидуваат да ги анализираат сите можни последици, што на крајот може да доведе до тоа одлуката воопшто да не биде донесена.

Знаат колку не знаат

Суперинтелигентните луѓе честопати се свесни дека не знаат многу и дека колку и да се трудат, секогаш ќе постои нешто што нема да го знаат. Иако оваа карактеристика е добра, знае да биде фрустрирачка, бидејќи колку повеќе учите, толку повеќе сте свесни колку многу треба да научите.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот