X
 10.01.2023 Живот

Талибанците ги затвораат салоните за убавина во Авганистан

Талибанците наредија затворање на салоните за убавина во Авганистан.
Телевизијата Ал Арабија објави дека талибанците дале рок од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во земјата.

Талибанците, исто така, забраниле девојки да работат во трговски центри.
Откако талибанците во 2021 година дојдоа на власт, воведоа ограничувања за девојките и жените, за кои тврдат дека не се согласност со исламските вредности. Тие ги принудија телевизиските водителки да носат хиџаб, а ги забранија и филмовите во кои се појавуваат актерки.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот