X
 26.04.2020 Живот

Германски хотел нуди канцелариски соби за оние на кои им здосади да работат од дома

Криза во кујната, децата ги прекинуваат конференциските повици: работењето од дома за време на карантинот и изолацијата поради коронавирусот може да биде тешко, па затоа една германска хотелска групација нуди алтернатива.

Хотелската групација „БХВ“ почна да им нуди канцелариски соби на луѓето на кои им е смачено да работат од дома. Канцелариските соби се опремени со бироа, брз интернет, еспресо-машини и, секако, кревет во случај да им е потребна пауза за дремка.

- Гостите добиваат тивка атмосфера каде што нема да бидат вознемирувани - вели Мајкл Мауерсбергер, менаџер на еден од хотелите во Франкфурт.

- Телефонот не ѕвони кога не треба, така што гостите можат да почнат со работа без никој да им пречи - додава тој.

Канцелариските соби во хотелот можат да се изнајмат за 199 евра неделно или 49 евра на ден, а 89 евра со ноќевање со вклучен паркинг.

Засега нема многу резервации, но Мауерсбергер вели дека почна да се зголемува интересот како што пандемијата се одолжува. Сепак, иновацијата нема да ги надомести загубите.

video
Фото: Unsplash

- Засега имаме две или три резервации за канцелариски соби. Секако, не е исто како 130 резервирани простории - вели тој.

Дирк Фишер, кој раководи со консултантска фирма во Франкфурт, вели дека веќе ја искористил канцелариската соба неколку пати и го пронашол токму она што му треба.


- Одлична идеја и ми беше мило што ја искористив. По три недели учење од дома и две недели велигденски одмор, при крај сме со нервите. Тука имам можност да ѝ се посветам на мојата работа - вели Фишер.

Извор: Cnycentral.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот