X
 10.02.2019 Економија

Растат платите, но и трошоците. Во Даблин сѐ повеќе се бараат работници

Компаниите во Даблин сè потешко наоѓаат работници и канцелариски простории. Причината за тоа е што американските компании „ја нападнаа“ Република Ирска и вработуваат дури еден од пет работници во земјата. На пример, минатиот месец од „Фејсбук“ и „Сејлсфорс“ најавија дека ќе вработат дополнителни 2.500 лица во Даблин. Се очекува по Брегзит да се доселат и голем број британски компании, што дополнително ќе ја отежни ситуацијата.

Како резултат на наведеното, платите се зголемуваат, но се зголемуваат и цените за изнајмување на канцелариски простории и на станови.

- Даблин, како и другите европски метрополи, се соочува со големи предизвици кои настапија со растот на градот. Најголем е моменталниот проблем со недостиг од простории за деловни канцеларии - објаснува Мери Роуз Бурк, директорка на Стопанската комора во Даблин.

Цветањето на бизнисот е највидливо во пристанишната зона, каде што финансиските компании, како „Ситигруп“, им се придружија на компании како што е „Гугл“, која вработува околу 5.000 лица.

Затоа изнајмувачите на станови задоволно тријат раце со оглед на тоа дека минатата година заработиле околу 118.000 евра, што е дури трипати повеќе од просечната плата во Ирска. Просечната цена на становите во Даблин е 2.400 евра месечно, односно трипати повеќе отколку во Белфаст, кој е оддалечен само два часа.

Кириите во центарот на главниот град на Ирска во последните неколку години се дуплираа, а иста е ситуацијата и со канцелариите. Во последните три месеци од минатата година дури 72 отсто од канцелариските простории се изнајмени од технолошки компании.

Невработеноста е намалена од 15 на 5,3 отсто, односно е речиси иста како пред финансиската криза, а платите се зголемени. Колку за споредба, просечната стапка на невработеност во еврозоната е 7,9 отсто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија