X
 25.11.2019 Економија

Австрија се соочува со недостиг на работна сила

Австриското министерство за труд и социјални прашања објави листа со дефицитарни работни профили за 2020 година, врз чија основа би можела да се доведе странска работна сила.

На листата на сојузно ниво наведено е дека недостигаат 54 профили на пазарот на трудот – од дипломирани негувателки, готвачи, машиновозачи, ѕидари до столари.

Во секоја покраина има недостиг на различни работници, така во Корушка недостигаат фризери, во Долна Австрија – стаклари, во Горна Австрија – месари, во Салцбург – молери, во Штајерска – шпедитери, а Тирол и Форарлберг се соочуваат со недостиг на хотелски работници.

Келнери недостигаат во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форалберг, а фризерите се дефицитарни дури во шест покраини.

Виена и Бургенланд се единствени покраини што немаат посебна листа со дефицитарни профили на работници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија