X
 08.04.2021 Забава

Моржот што од Арктичкиот Круг стигна до Ирска сега е во Велс

Моржот од Арктичкиот Круг што случајно стигна до Ирска минатиот месец, веројатно спиејќи на санта мраз, го продолжил своето патешествие возејќи се на бродови. Во меѓувреме тој стана и туристичка атракција, а властите и невладините организации се загрижени дека големото внимание може да го вознемири.

Повеќе туристи го вознемирувале моржот во текот на викендот приближувајќи му се преблиску.

Моржот бил забележан на плажа во Ирска на 14 март од страна на петгодишно девојче и нејзиниот татко. Никој не е сигурен како моржот стигнал таму, но еден биолог шпекулирал дека животното заспало на санта мраз и така се оддалечило од копното.


Фото: Pixabay

Но, патувањето на моржот не завршило на плажата. Тој продолжил да патува околу 450 километри јужно до Велс за само шест дена така што се качувал на бродови што поминувале, според повеќе сведочења.

Сега, повеќе невладини организации од Велс објавиле заедничко соопштение во кое ги предупредуваат туристите да не му се приближуваат на моржот, кој го нарекуваат Воли.

- Во негов интерес е да биде оставен сам што повеќе, па ги замолуваме луѓето да запомнат дека тој е диво животно и да го одбегнат искушението да му се приближат и да го вознемируваат - стои во соопштението.

Автор: Бен Тернер
Извор: livescience.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава