X
 16.09.2015 Живот

Највисокиот (и најстрашен) надворешен лифт во Европа

Врвот на планината Биргенсток во Швајцарија нуди панорамски поглед на Аплите, езерото и градот Луцерн. Но, за да се качите на врвот висок 1.127 метри, мора претходно да се качите во лифт стар еден век наречен Хамешванд, кој е највисокиот надворешен лифт во Европа.





Лифтот ги носи патниците низ карпести гребени, а поминува 153 метри за една минута. Доколку го преживеете патот без напад на вртоглавица ќе може да стигнете до врвот на планината.





Лифтот бил изграден во 1905 година, и тоа од дрво. Во 1935 година, тој бил реновиран и станал најбрзиот лифт во светот.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот