X
 10.02.2023 Живот

Еве колку спасувачи испрати секоја земја во Турција

Азербејџан е првата земја што испрати помош во Турција по разорниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе. Државите и понатаму испраќаат тимови за спасување. Македонија испрати 40-ина војници во Турција кои учествуваат во спасувачките мисии.

Медиумската агенција „Анадолу“ објави графикон на кој се прикажани земјите што испратија најмногу спасувачи во Турција. На врвот е Азербејџан, која испрати 725 спасувачи, а следува Израел со 450 спасувачи. Следуваат Франција (205), Индија (201), Кипар (200), САД (159), Унгарија (156), Русија, Мексико и Ирак (по 150) и Јужна Кореја (118).

Од регионот, најмногу спасувачи испратила Босна и Херцеговина - 104. Албанија испратила 63 спасувачи, Хрватска 40, Црна Гора 15, Косово 30, а Србија 27.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот