X
 10.02.2024 Живот

Не сакате да пораснете? Можеби го имате овој синдром

Колку пати сте се пожалиле дека не сакате да пораснете, дека сакате да имате 18 години засекогаш и да останете млади како што сте сега? На некој начин тоа е страв од возрасниот живот и од преземање одговорност.

Овој психолошки феномен се нарекува синдром на Петар Пан, а се проширил откако психологот Ден Кили така ја насловил својата книга за состојбата во 1983 година. Овој термин ги опишува оние луѓе што имаат тешкотии при усвојувањето на возрасниот начин на живот.

На овие луѓе најчесто во детството сè им изгледа прекрасно, но во фазата на растење почнуваат да се сомневаат во таквата идеја за идиличен живот. На оваа состојба може да ѝ се пристапи на ефективен начин, но важно е прво да се идентификува и да се прифати.

Важно е да се додаде дека ова е неофицијален термин што го користи пошироката јавност и некои психолози.

Овој синдром е распространет кај мажите, а тоа може да се должи на патријархалната култура која става силен акцент на родовата бинарност. Исто така, оваа состојба може да се појави поради премногу заштитничкиот стил на воспитување и поради тоа може да не се развие емоционална зрелост.

Промената е можна, но важно е личноста да биде подготвена да зборува за тоа и, доколку е можно, да контактира со експерт.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот