Областа на Женевското Езеро во Швајцарија ќе биде дом на неверојатен проект за зелена архитектура. Дизајнирано од „Винсент Калебаут аркитекчрс“, ова село без автомобили ќе има 480 домови со мала потрошувачка сместени во голем урбан парк. Станува збор за прекрасна ревитализација на областа која некогаш била дом на стари стакленици, а кога ќе биде завршена, ќе обезбеди поврзување помеѓу Женевското Езеро и соседниот италијански регион Пиемонт.
Покрај резиденциите, областа ќе вклучува голема детска градинка, ресторани, простории за заедничка работа и работилници, а два панорамски покриви ќе обезбедат прекрасен поглед. Со отворањето на просторот исклучиво за пешаци и велосипедисти, жителите и посетителите ќе можат целосно да се нурнат во природата.
Во паркот ќе доминираат цветни ливади и овошни дрвја. Црешите, кои потсетуваат на грбот на градот, ќе доминираат во обид да ѝ оддадат почит на локалната историја.
Сите апартмани се дизајнирани така што живеалиштата треба да бидат ориентирани кон езерото и местата за спиење кон север. Секој од овие станови има корист од големите панорамски балкони, што им овозможува на жителите исклучителен поглед на Алпите, Женевското Езеро и Јура.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Vincent Callebaut Architectures